Kevin Richardson, зоолог и самоук животински бихевиорист, познат како „The Lion Whisperer“, има оригинален однос со животните кои ги одгледува со години, а станува збор за едни од најопасните предатори, лавовите. Неговиот афинитет и љубов кон животните се појавува уште од најмала возраст кога ги обожавал штурците и жабите, кои ги чувал како домашни миленици. Опседнатоста на Kevin прераснува до степен кога тој заборава на разликата меѓу домашни и диви животни.

Тој не се користи со стапови и синџири, методи познати за кршење на духот на животните и нивно дресирање, наместо тоа тој користи љубов, разбирање и доверба; ги користи истите средства како за создавање врска со луѓето. Kevin спие, ги храни, ги лекува, си игра и самоуверено гледа во очите на лавовите, во кои успева да се види себе си како нивен пријател.

Додека останатите луѓе го убедуваат дека станува збор за опасни животни и дека не треба да ги третира како човечки суштества тој одговара: „Можеби не се човечки суштества, но сепак се суштества со свои личности и чувства, со потреба од некого кој нема да ги гледа само како голема опасност и нужно зло од синџирот на исхрана“.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКуќа на плажа | Ryan White
Следна објаваНов дизајн на Сакам книги
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР