Местото каде што сите библиофили, книго-холичари, зависници од добра книга, пасионирани читатели и така натаму; се чувствуваат како припадници на едно уникатно семејство, покрај неисцрпната инспирација да функционира и создава книжевно расположение со различни наслови, разни настани и комплетна ажурност во веб-просторот денес настапи со нов дизајн на нивната веб страница. Станува збор за поедноставена и минималистичка слика, придружена со збогатени профили, коментари, секција за разговори, дискусии и прашања, поени и беџови и уште мал милион секвенци кои означуваат радост во книжевниот свет.

1

Ако сеуште се двоумите дали ова е вистинското место за еден библиофил како Вие самите, Сакам книги е тука да Ви помогне… Доколку се препознаете во повеќе од три од следниве реченици, тогаш правец на нивниот нов веб-сајт:

  1. Сакам книги, сакам да ги читам, сакам да ги купувам
  2. Читам во секој слободен момент
  3. Секогаш носам книга со себе
  4. Секогаш ја мирисам книгата пред да почнам да ја читам
  5. Имам прекрасна домашна библиотека
  6. Мразам кога вработените во книжарниците ми ги раскажуваат книгите
  7. Читам и кога ме боли глава
  8. Никогаш не ги превиткувам страниците додека читам
  9. Би ги дал/а и последните пари за добра книга
  10. Се смеам и плачам на книги
  11. Не ги разбирам луѓето кое сметаат дека читањето е губење време
  12. Имам прочитано повеќе од 100 книги во животот
  13. Обожавам да препорачувам книги
  14. Обожавам да дискутирам за книги
  15. Обожавам убави корици
  16. Не тргнувам на одмор без книга во куфер

Па, ако се пронајдовте во повеќе од три ситуации, тогаш… се гледаме на Сакам книги!

1.

2.

3.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВо друштво со „кралот“ | Kevin Richardson
Следна објаваМашки тренд | Урбано сафари
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР