Атрактивната куќа дизајнирана од Ryan White е вистински дом од мечтите и сон на вљубениците во идејата за идилична куќа на плажа, постојано опкружена со звуците кои одекнуваат од брановите, и романтичниот ритам на ветерот во ноќите. Сепак, идеалната локација и поставеноста не е единственото со што се издвојува овој прекрасен дом, туку и со одлично уредениот ентериер и карактеристичниот надворешен изглед. Во внатрешното уредување, воочливи се комфорот, свежината, релаксираноста, пријатниот амбиент и чувството на чистина, постигнати со изборот на белата боја  како основа на ѕидовите и плафонот во секој простор, и големите врати/прозорци низ кои продира природна светлина, умешно воспоставувајќи контакт со се она што се случува надвор. Ентериерот е несекојдневен микс со личен печат на дизајнерот, во кој се интегрирани повеќе стилови, спој на старото и модерното, елеганцијата и колоритноста, и допири од дрво и бамбус. Неутралните, смирени и пастелни тонови на мебелот искомбинирани се со изразено живите, динамични и јаки бои на додатоците, и умешно избраните детали, како мноштвото украси и декорации со морски мотиви и цветните аранжмани со хортензии. Онаму каде завршува со воодушевување внатрешноста, се надоврзуваат уште поневеројатните пријатни тераси, а особено песочниот двор, позициониран  на самата плажа, на само чекор од океанот. Постои ли нешто поубаво?

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЧаен календар
Следна објаваВо друштво со „кралот“ | Kevin Richardson
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР