Зар може ден без светлина да се замисли? Зар може народ без писменост да се остави? Во услови тешки, на светлина од свеќа – азбука создале солунските браќа. Буква по буква, започнал Кирил… од знаци чудни, азбука створил. Му оставил аманет на својот брат, луѓето да ги води по прав пат…

„Благодет од Христа дадена, за писменоста ни словенска…“

– „Кирилу, Методију“ (Тоше Проески и пријателите)

Мал, подзаборавен придонес за големиот македонски празник – денот на словенските просветители, денот за кој Конески велеше дека не смееме да заборавиме, дека ,,македонскиот јазик треба да биде строен и изразит, да биде вистински белег на македонската нација зашто преку литературниот јазик се закрепнува најздраво свеста за припадност кон нацијата. Македонскиот литературен јазик треба да биде навистина македонски.“ Навистина запаметен, навистина славен, затоа што:

„Судбината на јазикот е и судбина на народот!“

– Гане Тодоровски

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОсамени во океанот и на песочните плажи | Richard Misrach
Следна објаваМоќта на книгите
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР