Погрешно си направивте асоцијација ако ја поврзавте денешната мотивација со охрабрување во борбата со ракот. Синонимите се интересна и бесконечна расправа, но тука повеќе ќе се задржиме на метафората на уредување на Вашиот живот преку компаративната природа на Вашата личност со ракот – како мало, но силно суштество кое не робува на законите на природата.

1.1

Хипотеза број 1.
Очигледно, ако ставите рак во една кофа сам – тој лесно може да исползи надвор. Но, ако го ставите во кофа со други ракови, тогаш секој од нив ќе го повлече надолу и ќе се обиде да се издигне врз него. Исто како во животот: дали Вие живеете во кофа полна со ракови? Дали Ве влечат надолу во Вашиот обид да успеете и да се воздигнат врз Вас?

Хипотеза број 2.
Понекогаш, раковите во кофата не означуваат лоша ситуација. Особено не ако се работи за Вашата фамилија од ракови. Можеби е потешко да дознаете што се случува надвор, но крајниот резултат е дека сите заедно сте заглавени во инерција. Или тие сакаат да Ве заштитат, па затоа Ве обесхрабруваат да не превземате ризици онаму каде што би можеле да завршите повредени.

Хипотеза број 3.
Најлесен начин да се ослободите од кофата е да комуницирате со оние ракови кои што се веќе надвор. Луѓето кои се надвор поинаку размислуваат – имаат различен поглед на свет и тука постои отворена можност наспроти оној став на раковите „заглавени во кофата“.

Хипотеза број 4.
Нови ракови во кофата? Дали е време да се опкружите со нови личности во летаргијата или е потребно да склопите познанства со личности кои Ве инспирираат, мотивираат, охрабруваат? Вашиот излез од кофата зависи само од Вас.

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Патување низ времето“ | Flora Borsi
Следна објаваСветскиот ден на книгите | 23ти април
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР