„Сите форми на книги направија значаен придонес во образованието и ширењето на културата и информациите. Разновидноста на книгите и уредувачката содржина е извор на збогатувањето – ние сме должни да ја поддржиме преку соодветни јавни политики и да ја заштитиме од униформност.“

– Ирина Бокова, ООН

Зошто?
23ти април е годишнината од раѓањето и смртта на голем број познати писатели, почнувајќи со Miguel de Cervantes, Maurice Druon, Inca Garcilaso de la Vega, Haldor Kiljan Laxness, Manuel Mejía Vallejo, Vladimir Nabokov, Josep Pla и завршувајќи со William Shakespeare. Токму поради оваа причина, Генералното собрание на ООН го избра овој датум за да им оддаде почит на книгите, нивните автори и законите на авторските права.

1

Кога?
Врската помеѓу 23ти април и книгите првпат била воспоставена од страна на шпанските продавачи на книги по повод смртта на Сервантес, во 1932 година. Во 1995, УНЕСКО го кодифицира овој датум во Велика Британија, бидејќи истиот ден е годишнина од раѓањето на Шекспир. Иако постојат податоци според кои Сервантес умира на 22ри април, а неговиот погреб се случува на 23ти според Грегоријанскиот календар; постојат податоци дека Шекспир починал на 23ти април по јулинаски календар, кој бил прифатен во Британија во тоа време. Очигледно, спојувањето на двата несреќни книжевни настани претставува една среќна коинциденција за УНЕСКО.

Што?
Луѓето од сите возрасти се обврзани да ги ценат книгите – што би требало повеќе да направат?
Целосен спектар на активности за промоција на читањето како навика и унапредување на културолошките аспекти на книгите на ниво на светот. Многу од овие акценти се концентрирани во меѓународната соработка или меѓународните пријателства: настаните вклучуваат литературни читања, дистрибуција на обележувалки за книги, книжевни натпревари и објавување на победниците, како и низа активности за промовирање на законите за авторски права и заштитата на интелектуалната сопственост на авторите.

Како?
Секоја година, по еден постер е дизајниран и дистрибуиран низ целиот свет – се одликува со дизајн кој ги охрабрува луѓето, а особено децата, дека читањето е содржина, а не површина.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛекција од рак
Следна објаваСмешни илустрации за војната | Denis Dubois
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР