Не би можеле да кажеме повеќе за изгледот на миленикот на девојките освен опис даден во суперлативи. Не само што е шармантен, талентиран и прекрасен – тој живее по правилен терк на добро однесување и делување за повисока цел, што го прави уште поподобен за заљубување. Иако тој е позната личност која единственo треба да се грижи за своите улоги и солидната репутација, тој сепак себеси се претставува како човек во вистинска смисла на зборот. Еве неколку моменти кога оваа констатација е применета во дело.

1

1. Тој ѝ го спаси животот на една жена
Неодамна, еден британски новинар излезе со признание дека г-динот Гослинг ја сопрел при влегување во такси во Њујорк без да обрне внимание на автомобилите кои поминувале покрај неа. „Јас буквално, буквално бев спасена од автомобил каде едноставно… едноставно се случи Рајан Гослинг да ме спаси!„. Навистина, навистина среќна жена.

2

2. Тој спречи улична тепачка
Во 2011 година, Рајан им приоѓа на две момчиња кои за време на некоја кражба на уметнички дела се спречкале помеѓу себе и тој ги убедил да се разладат. Тој подоцна делувал срамежливо во врска со овој настан во едно интервју и призна дека требало да си ја гледа својата работа и да стои подалеку од неволји.

3

3. Тој го води своето куче секаде со себе
Рајан и Џорџ се неразделни – тој е забележан во негово присуство додека шета, додека пие кафе, додека е на вечера, дури и додека е на Late Night со Jimmy Fallon. Тоа е повеќе од симпатично, бидејќи Рајан знае кој му е најдобар пријател.

4

4. Тој ги почитува неговите поранешни девојки
Жените околу светот се стопија по повод изјавата на Рајан за неговата врска со Сандра Булок, а подоцна и со Рејчел МекАдамс, кога тој рече дека тие се „две од најголемите девојки на сите времиња. Јас не сум сретнал никоја која би можела да ги симне од врвот“.

5

5. Тој чува бебиња
Разговорно кажано, мајчинскиот инстинкт практично експлодира откако жените ќе упатат поглед на оваа слика: Рајан го храни својот колега-бебе, на снимањето на The Place Beyond The Pines.

6

6. Тој е музичар
И да барате повеќе сексипил на екранот, нема да најдете. Рајан е фронтмен на ултра-кул бендот Dead Man’s Bones, каде Рајан настапува под псевдонимот Бебе-гуска.

7

7. Тој е прекрасен без кошула
Како супер-момче во Crazy, stupid, love – разголените сцени на Рајан се дефинитивно најгледаните на Youtube. Тој подоцна изјави дека драстично се здебелил за да ги направи тие мускули. Нема да му замериме.

8

8. Тој е неверојатен бакнувач (барем така мислиме)
Рајан и неговите усни не оставија без зборови во „The Notebook“, каде дополнето со жешкиот настап со Рејчел МекАдамс на MTV Movie Adwards 2009 го прави ваквиот став оправдан.

9

9. Тој е хуманитарец
Не само што спасува дами во неволја, туку Рајан има отпатувано за Дарфур, Уганда во источниот дел на Конго за да ја подигне свеста за геноцидот и условите за живот во кампот за бегалци.

10

10. Тој ја обожава мајка си
Некои ќе речат дека е типично мамино синче, но Рајан премногу ја почитува својата мајка и не се срами да ја покаже на јавноста. Доказ за тоа се бројните примери кога тој ја води како своја придружничка на премиерите или Оскарите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативност низ улиците | Peter Gibson
Следна објаваФото на денот | Приказна за Венеција
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР