Дваесет и петтото издание на Саемот на книгата завршува денес: DIVIANARTS.COM беше присутен речиси секој ден од неговото одржување, разгледувајќи ги понудите на секоја од издавачките куќи со значителна доза на непристрасност и книжевна објективност. Настапуваме со доста критичен став (каде критиката не секогаш означува нешто лошо), така што евалуацијата би изгледала вака: стандарден израз на повеќето штандови, пример или два со забележителен креативитет, широка понуда на разнолика литература, доста гостувања на автори и бројни промоции; и секако, навидум стандардизирани цени кои знаеја да изненадат со ниски цифри за квалитетни наслови.

3.3

2.2

4.4

1.1

Ако веќе мораме да издвоиме кој од нив ни го задржа интересот, тогаш дефинитивно ќе ги пофалиме Сакам книги поради нивниот штанд од кој зрачеше позитивна енергија, како од А3 форматите со нови и помалку нови наслови, така од личностите кои што стојат позади нив; како и магичната атмосфера на библио-штандот на Академска книга во стилизиран тоналитет во црвено-бело и ефект на безвременско богатство; но, патем ќе се осврнеме на штандот кој навистина претставуваше вистинско и неочекувано освежување на Саемот поради два аспекти: неконвенционалниот изглед на нивниот штанд и нивната несекојдневна понуда, под името Ars Lamina.

За себе, вработените во Ars Lamina ќе речат:

Арс Ламина со преку 300 стручни наслови од областа на економијата, правото, политичките науки, архитектурата, градежништвото, медицината и земјоделството, е најголем и најзначаен издавач на стручна литература во Република Македонија.

Без лажна скромност и без тронка самобендисаност, оваа релативно нова издавачка куќа во јавниот простор важи за една од посериозните почитувачи и применувачи на квалитетот помеѓу книгите, на еден апсолутно официјален и софистициран начин. Зошто ни го привлекоа вниманието? Затоа што покрај сета понуда на овогодинешниот Саем на книга, сите штандови, наслови, автори, посетители… посебно се издвојуваше еден од нив, имено поради својот крајно моќен и софистициран изглед претставен преку црни полици во форма на саќе, каде секоја книга од различен стручен или белетристичен карактер завзеде свој пиедестал. Книги со тежина во Ars Lamina: стручна литература чии автори говорат повеќе од што е потребно и Ars Libris: белетристика која е невозможно да ја сретнете на друго место. За тоа како изгледа нивната презентација на Саем, следуваат фотографии во прилог.

1

2

3

4

5

6

7

Оправдано ги избравме за најубав штанд на 25тото издание на Саем на книгата!
Како и секогаш, соработките на DIVIANARTS.COM со клучните актери на книжевната сцена во Македонија знаат да изненадат – денес, во соработка со Ars Lamina Ви ја подаруваме „Судниот ден“ на Лук Делис, приказната водена од креативниот порив на еден уметник, филозоф и писател. Дел од Litera Moderna едицијата, ова е приказна за уметноста и литературата, раскажани низ призмата на сексуалната енергија.

0

Се’ што треба да направите е да дадете своја идеја за нивниот слоган која ќе ја оставите подолу во коментар. На тој начин, ќе им помогнеме да остварат непосреден контакт со читателите, а за тоа еден од Вас ќе биде награден со книга. Ви посакуваме среќа, а добитникот ќе го прогласиме до вечер!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Адреналин
Следна објаваБајка на дланка | Svetlana Kolosova
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР