На површина од 3000 квадратни метри, на добро познатата локација на Скопски саем, во периодот од 9ти до 15ти април – се одржува 25тото издание на Саем на книга, во јубилејно издание на четвртина век постоење. Покрај претставувањето на најголемите домашни издавачи, но и издавачите од регионот; понудата се движи во линија како секоја измината година – училишна, стручна и белетристична литература која е достапна да одговори на различните интереси на читателите.

1

Саемот важи за најмаркантното место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ. Под рамките на нивното добро-познато мото „Подари книга, подари богатство“, од Саем велат:

Читајќи книга овозможете си луксуз на душата….

Најмладиот и најкреативен штанд од сите нив – штандот на пријателите на DA, Сакам книги оваа година изненадува со дури 7 нови изданија кои промотивно ќе бидат претставени на Саемот. Севкупната нивна понуда, заедно со сите поволности е достапна на следниов линк http://issuu.com/iki001/docs/sakamknigi_katalog_2013, додека нивната фан страна е одново и одново ажурирана со информации и подароци. Од новите изданија очекувајте го следново:

  1. Крадци и проститутки – Рута Шепетис
  2. Ејми ја нема – Џилијан Флин
  3. Фатални желби – Бруклин Хадсон
  4. Првиот последен бакнеж – Али Харис
  5. Подарок за роденден – Сузан Елизабет Филипс
  6. Живот за живот – Сара Зар
  7. Крадец на колачиња – Џерис Авад

2

Но, изненадувањата не завршуваат тука…

„Дали некогаш сте се запрашале колку вреди човековиот живот?
Тоа утро, животот на брат ми вредеше колку еден џебен часовник.“

Во соработка со Сакам книги, DIVIANARTS.COM денес Ви ја подарува „Крадци и проститутки“ од Рута Шепетис: се’ што треба да направите е да го споделите овој линк на Вашите профили и да го оставите Вашето име и презиме подолу во коментар, а ние ќе го избереме добитникот на книгата по случаен избор од листата на Public Share. Но, не очајувајте – доколку Вие не сте среќниот добитник на книгата, истата е достапна по промотивна цена од 200 денари на Саем!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТанц низ фотографии
Следна објаваВила од бајките | Ирина Тошева на FWSK 7
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР