Фантастична урбана градина направена од рециклирани шишиња, дел од проектот Sweet Home. Тоа е проект во кој тим на луѓе посетуваат домови низ Бразил, обезбедувајќи разубавување на екстериерот и ентериерот. Оваа градина е направена за семејството Робертс: мајка и две ќерки кои имаат приод од 200$ месечно. Ова е прекрасна вертикална градина создадена од  рециклирани пластични шишиња, кој изгледа неверојатно.

Ефтино, брзо и креативно, идеја која можете да ја направите сами и оваа пролет да ја разубавите Вашата градина на оригинален начин.

Потребно:

  • пластични шишиња;
  • дебел конец;
  • земја и цвеќиња.

Се што треба да направите е да направите отвори на шишињата (од страните за да може да минува конецот и еден поголем отвор кај ќе биде цвеќето). Ставете ја земјата и засадете го цвеќето. Повторете ја постапката додека не го добиете саканиот број на вакви „саксии“ со цвеќиња. Потоа потрудете се малку и создадете ваква мрежа од Вашите нови „саксии“.

Замислете како би изгледало кога ќе расцветаат цвеќињата… Вреди да се потрудите, зар не?

2

3

4

5

7

8

9

10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMad Men во 2013та
Следна објаваМаче пријател со дивите животни
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР