Брачен пар патувал во посета на своите пријатели во наредното село. Додека двајцата се движеле врз своето магаре, луѓето зборувале колку е кутро животното, колку е измачено штом трпи две лица врз грбот. Кога жената се симнала од магарето, луѓето коментирале колку е суров нејзиниот маж штом одлучил неговата жена да се жртвува пеш. Така што, ги замениле улогите… додека жената била врз грбот од магарето, луѓето по патот му дофрлувале на мажот дека е глупав затоа што дозволил неговата жена да ужива и да не се заморува, за разлика од него. На крајот, парот се согласил да го поштеди магарето од товарот и пешачеле покрај него – но, тоа не ги спречило луѓето да зборуваат и да велат дека и двајцата се навистина глупави. Да пешачат кога имаат превозно средство до себе…

1

Што и да правите во животот – независно дали сте во право или не, луѓето ќе зборуваат. Колку и да се трудите да ги задоволите, тие повторно ќе зборуваат. Тоа е сржта на нашето општество: што побрзо се помирите со таквиот став, тоа подобро.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМашки тренд | Линии
Следна објаваМагијата на дождот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР