Дожд, џагор, хаос. Навистина тмурна вечер. Девојката длабоко воздивна и ја положи својата штотуку довршена домашна задача далеку од својот вид. Со чувство на ослободеност и опуштеност, го почувствува напливот на леснина и слободно време. Но, тајмингот беше премногу студен, премногу празен. Влажен и темен. Изненадувачки порој на ладна пот ја означи нејзината осаменост. Иако собата беше осветлена со лудицна, бела светлина, девојката помина со врвовите на прстите долж своите омилени книги. Можеби ќе успее да ја разбуди успиената магија токму вечерва.

Ги затвори очите и тешко дишеше. Наскоро нејзините прсти нежно почнаа да танцуваат, суптилно изведуваа пируети врз златните изгравирани букви на тврдиот повез и одвреме-навреме правеа скокови кога ќе надојдеше означена голема буква по страниците. Тивка, задоволна смеа ја означи тишината. Нејзините усни се развлекоа во насмевка додека очите сеуште ги држеа белите капаци и црните трепки широко затворени. Танц, смеа, пауза. Вртење на избледените страници без да се погледне кон нив. Магијата штотуку започна… мирисот на старите книги го издаде квалитетниот лепак кој сигурно датираше од минатиот век. Зборовите прераснаа во планини кои се премостија кон непредвидливи пејсажи и неочекувани димензии на приказните. Очите на девојката блескаа на слабата светлина додека со восхит ги проучуваше уредно сместените букви и шумските слики. Го прочита студот на дождот во приказната, го почувствува звукот на дождот до прозорецот. Силниот збор и силното невреме не се намалуваше, истовремено беше понесено од магијата.

Таа го слушна сопственото име. Се заврте. Така ја запечати својата приказна во студената ноќ – ја донесе магијата назад, а додека сенките продолжија да танцуваат врз отворената книга на која ѝ се наближуваше крајот, утринското сонце ги осветли крвавите, но задоволни очи на девојката која штотуку ја искуси вистинската магија..

* авторски текст.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуѓето ќе зборуваат
Следна објаваЛуксузна вила во Сен Тропе | Peninsula 1
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР