Во општата мешаница на денешниот образовен систем и себе-пласирањето на пазарот на трудот со одржана тенденција на доживотно себе-надоградување и доживотно учење, често ги вреднуваме сопствените квалитети на сметка на мааните кои учиме да ги замаскираме. Во една таква мистификација на реално претставување на нашата вредност, единствена олеснителна околност е тоа што истовремено се научивме дека едно работно место не означува еден живот, до крај на тој живот. Механизмите на ребрендирање и дополнително усовршување е лекцијата која што ја изведовме од глобализацијата. Но, сепак… свесни сме дека нешто недостасува во таквиот систем на функционирање на животот. Овој поинаков оглас за вработување постои со цел да ја подигне свесноста за вистински потребните професии на денешницата.

1

Се бара:
Еден електричар, за да приклучи електронско поврзување меѓу луѓето.
Еден оптичар, за да го поправи погледот на свет.
Еден уметник, за да нацрта насмевка на сечие лице.
Еден ѕидар, за да изгради ѕид на мирот.
Еден градинар, за да засади убави мисли и добро расположение.
И еден професор по математика, за да на научи да сметаме едни на други…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто се случува кога сакате книги повеќе од се’ друго на светов?
Следна објаваНаправи сам | Рамка со теглички
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР