24 годишно момче стои блиску до прозорецот во возот со кој треба да стигне дома, заедно со татко му. Од време на време, тој неочекувано извикува: „Тато, види ги сиве овие дрвја кои се виткаат на ветрот!“. Таткото се насмевна, додека парот кој седеше спроти нив во истото купе зачудено погледна во момчето и со немо жалење го осудија неговото детинесто однесување. Тој повторно, со висок восхит извика: „Неверојатно е како се движат облаците тато, како да трчаат по нашиот воз! Гледаш ли, тато?“. Парот не можеше да се воздржи од ново-настанатата ситуација и мажот се обрати на старецот – „Зошто не го однесете Вашиот син на добар доктор…?“, кога жената се додаде дека е навистина жалосно да се гледа млад човек во таква состојба. Таткото повторно се насмевна и со драго срце им рече: „Го однесов син ми на доктор, штотуку се враќаме од болница кон дома. Мојот син беше слеп од раѓање, денес конечно го врати својот вид…“.

Секоја личност на оваа планета Земја има своја приказна. Не судете им на луѓето пред навистина да ги запознаете. Вистината може да Ве изненади до недоглед… затоа размислете пред да кажете нешто!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКанцеларија на JWT во Амстердам
Следна објаваЈога кучиња | Dan Borris
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР