Сончевите денови кои секако се одликуваат со извесно студенило оставаат доволно простор на девојките за да експериментираат со повеќеслојност во дефинирањето на дневниот изглед. За истата прилика, денес како предлог го имаме наједноставното парче облека за променливо време, vintage ефектот отсликан во пончото како зачин на стилот. Олеснителна околност е што за овој креативен подвиг не Ви се потребни никакви шивачки предиспозиции…

1

Што Ви е потребно:
– парче подебела ткаенина во облик на коцка
– ножици
– креда

2

Свиткајте го парчето волна дијагонално, на половина. Свиткајте го повторно во спротивна насока, така што ќе оформите 4 слоеви на ткаенина. Направете отвор за главата, така што истиот ќе биде удобен за Вас (раководете се од фотографиите). Со кредата исцртајте реси по надворешните рабови кои водат кон единствениот надворешен агол. Со влажна крпа избришете ја кредата од ткаенината.

3

Вашето ново пончо е готово! Сега може да си играте со неговото декорирање – независно дали ќе изберете дополнителен V израз или ќе додадете мониста на ресите, изборот е само Ваш. Убаво и едноставно, најверојатно најлесниот и најбрзиот проект кој некогаш сте го направиле. А воедно, е спремен веднаш да се инкорпорира во Вашиот гардеробер и Вашиот изглед.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Сликарот и неговиот оркестар
Следна објаваVictoria’s Secret за Денот на вљубените
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР