Во економска смисла, Кина неретко асоцира на евтина работна сила и на земја на потекло на бројни фалсификувани трговски производи. Но кога говориме за фалсификување, најчесто помислуваме на парче облека, мебел или украс, но фактот дека во Кина постојат клонови на познати европски градови, го поставува фалсификувањето на сосема друго ниво.

Париз во Кина

Верувале или не, ова не е Париз, ниту пак тематски парк. Tianducheng е област во Шангај, Кина каде буквално е ископирана париската Ајфелова Кула и околните улици и куќи. Областа е отворена во 2007-та година, но се уште не е целосно населена поради високите цени на ‘париските’ куќи. Tianducheng добро им служи на младенците кои не можат да си дозволат да отпатуваат до Франција, а сепак во позадина на свадбените фотографии да го имаат “Градот на светлината”.

1

2

3

Лондон во Кина

На еден час возење од кинескиот Париз ќе се најдете во кинескиот Лондон. Оваа област, како и другите наведени во листата, е успешна копија на оригиналот. Улици со име Оксфорд, англиски пабови, типични лондонски фасади на куќи, готска црква, црвени телефонски говорници дури и вештачка река Темза. Клонот на Париз, отворен во 2006тата година, се’ уште не е целосно населен поради високите цени на имотите и исто како копијата на француската метропола, често се користи за позадина на свадбени фотографии.

9

10

11

Халштат во Кина

Копијата на австрискиот град Халштат, се отвори изминатата година во кинеската провинција Guangdong. Изборот на местоположбата и архитектурата на гратчето го прави речиси идентичен со оригиналниот историски град. Проектот го започнал еден руднички тајкун од Кина и истиот чинел 940 милиони долари. Целта е имотите да се продаваат на богати кинески купувачи со вкус за традиционални европски градови. Погледнете ги фотографиите од вистинскиот Халштаг и фалсификатот и споредете сами.

Вистинскиот Халштат

4

Копијата на Халштат

5

Вистинскиот Халштат

6

Копијата на Халштат

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКреативни урбани интервенции | OakoAk
Следна објаваЗа животот, од Марли
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР