Париз – Градот на светлината, позната и призната роматична локација и најмагичната дестинација во светот. Метрополата на Франција била повремен и постојан дом на познати сликари, писатели, поети, музичари и со години им служела како непресушен извор на инспирација.

1

Париз е благородниот украс на светот и за него се компонирале песни, сликале уметнички слики, снимале филмови и пишувале литературни дела. Поттикнати од ова, составивме листа од иконски цитати за овој град кажани во минатото од значајни уметници и познати личности, кои се сметаат за култни изреки и се’ уште се употребуваат и споменуваат кога се говори за Париз.

Париз е секогаш добра идеја. – Одри Хепберн

Уметникот нема дом на ниедно друго место во Европа, освен во Париз. –  Фридрих Ниче

Америка е мојата земја, а Париз е мојот роден град. – Гертруд Штејн

Велат дека кога добрите Американци умираат, одат во Париз. – Оскар Вајлд

Полноќ е. Една половина од Париз води љувов со другата. – Ниночка

Прошетка низ Париз ќе ви даде лекции за историја, убавина и за поентата на животот. – Томас Џеферсон

Кога стига пролетта во Париз и најскромното суштество чувствува дека плови во рајот. – Хенри Милер

Најдоброто од Америка тежнее кон Париз. Американецот во Париз е најдобриот Американец. – Ф. Скот Фицџералд

А што ќе биде со нас? Ние секогаш ќе го имаме Париз. – од филмот “Казабланка”

Оној кој не го посетува Париз често, никогаш нема да биде вистински елегантен. –  Оноре де Балзак

Кога Париз кивнува, Европа настинува. – Принцот Метерних

Ако сте биле среќни да живеете во Париз во младоста, каде и да одите остатокот од животот тој останува со вас, бидејќи Париз е подвижна гозба. – Ернест Хемингвеј

Париз како целина е еден огромен универзитет на уметност, литература и музика…вреди да се престојува таму со години. Париз е семинар, постдипломски курс по СЕ’! – Џејмс Турбер

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПариска улична мода | Прв дел
Следна објаваЛуѓето од Њујорк | Brandon Stanton
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР