Разумот може да каже: „Јас не те познавам.“ Но Вашето срце знае.

Ве допира за раката за прв пат и споменот за тој допир поминува низ времето и буди некои чувства непознати за Вас. Го погледнувате во очи и гледате пријател на својата душа со векови. Стомакот Ви се обраќа. Рацете Ви се тресат. Се надвор од тој миг, губи секакво значење.

Тој можеби нема да Ве познае, иако вие го познавате. Вие ја чувствувате врската. Ги гледате големите можности кои се пред вас, иднината… Нo тој не може. Неговите стравови, разумот и проблемите ги покриваат со превез очите на неговото срце. Тој не Ви дозволува да му помогнете да го тргне тоа превез. Вие жалите и плачете, а тој ќе си оди … Понекогаш пресвртите на судбината не се едноставни.

Кога двајца се осознаваат, избувнува вулкан од страсти на кој нема ништо слично… се раѓа нова вселена, вселена од чувства и заеднички соништа.

Препознавањето на душите може да се случи веднаш. Одеднаш чувствувате некаква блискост, имате чувство дека го знаете внатрешниот свет на овој човек, кого штотуку сте го сретнале, така длабоко, како што здравиот разум не може да го знае. Така, како што ги познавате само најблиските луѓе… Можеби и подлабоко. Интуитивно знаете што да кажете, како ќе реагира тој или таа. Меѓу вас постои доверба и чувство на безбедност, какви што не можат да се изградат за еден ден, недела или месец…

Но може да се случи полека и постепено… Превезот внимателно се крева и чувството доаѓа на прсти. Не секој е подготвен веднаш да прогледа. За секое нешто треба време и може да се случи оној кој прв разбере, да покаже трпение. Тој може да ја почувствува возбудата меѓу вас… Поглед, сон, спомен или чувство може да Ве натера да го сфатите присуството на сродната душа. Допирање на рацете или бакнеж на усните можат да Ве разбудат од сон и да Ве вратат во живот. И тогаш доаѓа љубовта, онаа – безрезервно, вистинската, посветена, која е надвор од сите граници…

Вашата сакана личност поминала низ вековите, за да Ве бакне повторно и да Ве потсети дека сте заедно засекогаш, до крајот на светот…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПелистерка календар 2013
Следна објаваНаправи сам | Дизајнирана завеса
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР