Можност да се најдете меѓу облаците, шетајќи низ улиците, благодарение на Eduardo Coimbra. Со седиште во Рио де Жанеиро, Coimbra студирал инженерство и архитектура, области кои се рефлектираат во неговите креативни проекти. За неговата работа, вели: „Мојата работа е поврзана со просторот во поширока смисла, многупати испреплетувајќи го ентериерот и екстериерот на уметничките простори“. Проектот насловен Nuvem – Облак, е проект кој го краси градот и им овозможува на посетителите да се најдат меѓу облаците. Креирани од железо, проѕирно платно за печатење, флуросцентни светилки и огледала, петте светлечки кутии зафаќаат простор од околу 17 квадратни метри. Прекрасно.

1

Nuvem

3

Nuvem

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Принт со компир
Следна објаваНеверојатни фотографии од громови
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР