Визуелниот впечаток што ни го остава природата, просторот и цела околината во култните филмови, прави да ни останат врежани во меморијата јасно како и легендарните цитати од филмовите. Локацијата на снимање на филмот е еден од најважните сегменти во продукцискиот процес и иако денешната напредна технологија овозможува генерирање на цели светови со помош на специјални ефекти, реалните филмски локации се оние кои повеќе се ценат и паметат. Верувам дека ја паметите компјутерски конструираната планета Pandora од филмот Аватар, но поголем впечаток Ви остави магичниот Middle Earth од филмовите Господарот на Прстените, чиј реален пандан се наоѓа во Нов Зеланд, каде и беше снимана трилогијата.

Следниве дестинации, освен тоа што додаваат на визуелниот контекст на сценариото и играат огромна улога во создавање на мистиката во филмот, ги портетираат разновидните убавините во светот и инспирираат патувања.

Заливот Phang Nga, Тајланд – The Man with the Golden Gun


The Man with the Golden Gun

Сигурно ја паметите сцената со дуелот помеѓу Џејмс Бонд и неговиот противник Караманга, во еден од серијата филмови за омилениот таен агент, The Man with the Golden Gun. Сето ова се одвиваше на групата карпести острови со бујна вегетација – Khao Phing Kan и Ko Tapu, во тајландскиот залив Phang Nga. Малото карпесто островче Ko Tapu во позадината, го носи прекарот Островот Џејмс Бонд, и е вистинско чудо на природата, опкружено со тиркизната вода на Тихиот Океан.

Откако филмот премиерно се прикажа, овие беспрекорни островчиња забележаа голем пораст во бројот на туристи, и иако од безбедносни причини не е дозволен пристапот до малиот карпест остров, Националниот Парк Ao Phang Nga е достапен и е една од најбараните туристички дестинации во светот.

Ko Tapu

Националниот Парк Тонгариро, Нов Зеланд – The Lord of the Rings


Mordor – Lord of the Rings

Одлуката на Питер Џексон локацијата на снимањето на првиот филм од Lord of the Rings трилогијата да се одвива во неговaта родна земја Нов Зеланд, навидум беше од патриотски побуди. Но ова се покажа како полн погодок, бидејќи малку места во светот може да и конкурираат на мистиката и фантастиката на природните убавини на оваа островската земја, што беше и причина останатите филмови од франчизата да се снимат таму.

Организирани тури во Нов Зеланд ги водат посетителите низ незаборавните локации каде се снимаа филмовите, вклучувајќи ги бујните области на Матамата, користени за снимање на сцените од Middle Earth и исклучителниот Национален Парк Tongariro, домот на трите огромни вулкани, каде беше сместен фиктивниот Mordor.

Tongariro National Park

Савока, Сицилија, Италија – The Godfather


The Godfather

Иако во поголемиот дел од приказните на класичната сага The Godfather на Францис Форд Копола се портретира индустриско опкружување во Њујорк, сепак на моменти се навраќа на традицијата, со дел од надворешните сцени од филмот снимени во рустичната Сицилија, стариот дом на фамилијата Корлеоне.

На влезот на шармантното ридесто село Савока, ќе ја препознаете околината каде се одвиваше прославата на свадбата на Мајкл и Аполонија, како и црквичката каде тие се венчаа. Тивкиот амбиент, италијанската гостопримливост и малите камени градби го прави Савока совршено место за опуштен викенд во опкружување на приказната на познатото фиктивно италијанско семејство.

Savoca

The Stanley Hotel, Естес Парк, САД – The Shining


The Shining

Факт е дека извонредниот актерски перформанс на Џек Николсон во The Shining го направи филмот, но не може да се одрече дека The Stanley Hotel придонесе за тензичната и морничава атмосфера во целокупниот производ. Стенли Кјубрик ја трансформираше историската зграда во Естес Парк во седло на лудило, совршено место за безизлезните ситуации и неизбежната возбуда во филмот.

Денес The Stanley Hotel им нуди на посетителите старовременски шарм, уметнички израз и поглед на панорама кој го одзема здивот, како и тура на духови за најхрабрите гости.

The Stanley Hotel

Матмата, Тунис – Star Wars


Tatooine

Локацијата на снимањето на сцените на планетата Tatooine, од култната филмска франчиза Star Wars, беа снимани во пустинскиот Тунис. Планинското гратче Матмата е домот на земјените живеалишта и сетот на Star Wars, чии голи и песочни пејзажи се совршена локација за снимање на сцените сместени на фиктивната планета.

Вистинско доживување за страстните обожаватели на Star Wars филмовите е престојување во хотелот Sidi Driss, чии простории беа употребени за снимање на внатрешноста на домот каде порасна Лук Скајвокер и каде се уште може да се најдат повеќе реквизити од филмот.

Sidi Driss Hotel, Tunisia

 Островот Кауај, Хаваи – Jurassic Park


Jurassic Park

Дождовните шуми каде слободно се движеа диносаурисите од филмот Jurassic Park се наоѓаат на хавајскиот остров Кауај. Во своето постоење, островот бил употребен за снимање на повеќе филмови, но исклучителноста на Кауај највеќе доаѓа до израз во авантурата The Lost World: Jurassic Park, снимена на Кипу ранчот кој изобилува со зелени ливади и тропски дождовни шуми.

При посета на Кипу ранчот нема да сретнете диносауруси, но дефинитивно ќе видите голем дел загрозени животински видови и птици. Покрај дивиот животиски свет и тропските растенија, рајскиот остров Кауај го карактеризираат повеќе водопати и езера.

Kauai, Hawaii
СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодни детали од париските улици | Прв дел
Следна објаваУлични сцени направени од картон
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР