Пред извесно време Ви презентиравме шминка за очи испирирана од суперхероите. Сега повторно Ви пласираме шминка инспирирана од суперхерои, но овојпат станува збор за шминка на усни. Соработката на фотографот Џонатан Нолс и мејк ап артистот Селин Нонон, вроди серија на фотографии, каде суперхероите се портретирани на усните на моделите со помош на шминка. Овој навистина интересен уметнички израз ги вклучува симболите на Супермен, Бетмен и Капетан Америка насликани на женските усни.