По повод ре-употреба на малечките теглички, кои доаѓаат во различни големини, Ви нудиме една идеја која ќе го направи нивото на светлина во Вашата соба доста суптилно и во умерена доза, драматично. Лесна изработка на своевиден свеќник, каде една мала тегла и лист хартија ќе направат вистинско чудо.

Што Ви е потребно?
- испринтан лист хартија (со надеж дека нема да уништите некоја книга)
 - стаклена тегла (независно од формата, битно да не е голема)
 - скалпел
 - ножици
 - лепило
 - мала свеќичка
 


Приспособете ја хартијата согласно висината на теглата, вешто пресечете форма на средина на истата (за оваа прилика, ние нудиме форма на срце како најлесна) и залепете ја хартијата на самата тегла. Ништо полесно, а веќе имате нов светлосен детаљ во Вашата соба!

    
		












