Со вистинска почит кон домовите со библиотеки, Ви презентираме едно повисоко ниво на восхит на сметка на генијалните архитекти кои успеваат да ги доведат истите во центарот на вниманието. Станува збор за еден проект кој располага со 7 500 книги и се наоѓа во Сао Паоло, Бразил.

Сите заслуги се препишани на GrupoSP Design, кои велат дека „дизајнот носи предност на разликата од погледот на улица и пониското ниво на катот, со позиционирање на дневната соба на истото, обезбедувајќи ја потребната приватност и одржувајќи го погледот на далекусежниот пејсаж. Овој едноставен дом влече со себе едноставни конструктивни решенија, намалувајќи ги активностите за негова реализација.“ Структурата на волуменот е одржана со ѕидови и армиран бетон, инсталациите се очигледни, а монолитните бетонски подови од бел камен вооптто не нудат предвидување на вистинскиот исклучок во овој проект – ѕид исполнет со книги, кој пркоси на времето и уметноста. Навистина спектакуларен и инспиративен проект, независно од која точка е перцепиран.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Срцевиден свеќник
Следна објаваПомислата на тебе | Ryan Woodward
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР