Брајан ги скенираше ѕидовите на истата зграда со која детално се запозна во текот на изминатите неколку години – како што го пречекори прагот бр. 32, тежок бран на емоции го нападна и едвај се воздржи од тетравење и можност да се удави во него. Лицето на неговата сестра беше осветлено со живописна насмевка и посебен сјај во очите, истата реакција секогаш кога ќе го видеше. Пеги имаше 7 години. Со неверојатен шарм правеше сите околу неа да се вљубат во нејзината позитивност и бесмртниот ентузијазам. Секогаш беше спремна да ислуша некого и да го охрабри и навистина ретко си го дозволуваше луксузот да заплаче. Но, Пеги умираше од рак. Брајан посакуваше повеќе време да минува во болницата со неа, знаејќи дека неговата мала сестричка е ограничена со време. Неговиот животен век како 16 годишник дополнително се наруши со нејзината дијагноза, оставајќи го гневен на животот дека толку мила и млада личност мора да се справува со толку голема несреќа… Исполнета со креативност, Пеги изненадно го воодушеви Брајан – му ја покажа својата колекција на кукли од хартија кои сама ги беше изработила. Сите 62 кукли беа закачени над нејзиниот кревет, дополнително разубавувајќи ја болничката соба, насловувајќи ги како нејзини другарчиња.

Секој одминат ден беше тортура за Брајан, но не и за Пеги. Колку и физички да ослабнуваше, нејзината храброст и психа не потклекнаа на разочарувањата. Наоружана со насмевка и ентузијазам, го распоруваше срцето на својот заштитник на милион делчиња, принудувајќи го да се повлече во самотија во својата соба, неконтролирано кршејќи предмети и дури понекогаш, трескајќи ја главата од ѕид. Дозволувајќи и на тагата да го обземе, можеби пречесто плачеше како беспомошно дете. Неговиот живот се распаѓаше, како самиот да беше пред умирање наместо неговата малечка.

Две недели пред прославата на нејзиниот 8ми роденден, Пеги почина. Иако очекувано, срцето на Брајан беше неповратно скршено – кога тој помина низ прагот бр. 32 за последен пат, смешно е да се каже дека очекуваше да ја види Пеги насмеана, на нејзиниот кревет. Нечујно се молеше веста да е погрешна и да го огрее лицето на неговата сестричка веднаш штом ја отвори вратата. Наместо тоа, се соочи со студенило и празнина некарактеристична за таа соба, неподнослива тишина и интензивно отсуство на единственото позитивно нешто во истата – посака да искрши се, да го извади бесот надвор од себе, заедно со револтот. Тогаш ги забележа малечките кукли од хартија и сфати дека не може да ги уништи. Една по една ги отстрануваше од ѕидот, складирајќи ги во една кутија; кога со крајот на окото забележа имиња на секоја една од нив… Ајви, Никол, Џастин, Ејми, Крис, Кара… Џеси. Џеси беше најдобрата пријателка на Пеги, се додека не погледна на болеста и почина пред неколку месеци. Тогаш Брајан сфати. Нејзините хартиени кукли навистина биле нејзините другарчиња, кои беа починале откако Пеги пристигнала во болницата. Откачувајќи ја последната, виолетова кукла, 63та по број, се стаписа и неконтролирано го облееја солзи: на неа стоеше името Пеги, со неверојатно широка насмевка и шарм кој ја карактеризираше само неа. Се обвини себеси за затворањето во себе и одбивањето да ја прифати реалноста на начин на кој неговата мала, но далеку позрела сестричка го надживеа. Можеби нејзиното тело повеќе не беше со Брајан, спремно за прегратка и насмевка, но нејзиниот дух остана со него, како бесмртен учител кој му го подари можеби најубавиот подарок во животот: нејзиното кратко постоење, доволно за лекција дека секој ден носи можност за сјај и среќа и дека истиот има доста да понуди. Да сфати дека вредноста да се живее е само половина од битката, да се има храброст и да се располага со решителност дека доколку сакате, ќе успеете во намерите. Пеги успеа на секој можен начин!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Дрвена кутија за накит
Следна објаваМитот разбиен – Џек не мораше да умре
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР