Популарните ТВ научници, познати како разбивачи на митови „MythBusters“ докажаа дека ликот на Ди Каприо во  Титаник можел да преживее. Сцената на Титаник во која Џек и го отстапува местото на Роуз да се качи на вратата која плови низ океанот, додека тој останува во ладната вода го отвори прашањето зошто и Џек не се качи на вратата? Разбивачите на митови направија експеримент со кој потврдија дека Џек би преживеал доколку останал горе заедно со Роуз, а под вратата го ставеле нејзиниот појас за спасување. Во емисијата гостувал и режисерот на филмот Џејмс Камерон кој изјавил дека идејата во филмот била сплавот да не ги издржи двајцата. Дури најверојатно бил и навреден бидејќи им рекол на Севиџ и Хајнеман дека ја згрешиле поентата. „Џек мораше да умре не поради науката, туку поради тоа што  сценариото беше такво. Можеби можевме да направиме помала врата, но сеедно тој ќе умреше“, додал Камерон.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКукли од хартија
Следна објаваНаправи сам | Од обична маица до секси фустан
Афирмацијата на уметничките вредности обелоденети преку седмата уметност е нејзин печат врз креативната страна на животот. Во чекор со последните ажурирања од својата област, внимателно ја унапредува уметноста. Суптилното комуницирање преку музиката и користењето на мултимедијалниот приказ на уметноста ја прават непоправлив оптимист и трагач кон суперлативот од светски убавини.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР