Тој застана на станицата за метро во Вашингтон, одеднаш ја зеде виолината во рацете и започна да свири. Свирел шест дела од Бах околу 45 минути. За тоа време околу илјада луѓе поминале покрај него, а најголем дел од нив оделе на работа. По три минути еден човек го забележал музичарот кој свири. Подзастанал, послушал неколку секунди, а потоа продолжил низ метежот. Минута подоцна виолинистот го примил првиот долар од една жена која што се наведнала кон кутијата и продолжила да оди. Најголемо внимание покажало едно три годишно дете. Неговата мајка го тегнела да побрза, но детето застанало да го слушне човекот со виолината. Иста реакција имале уште неколку деца, но сите родители без исклучок ги приморувале да продолжат понатаму, без притоа да застанат.

По 45 минути свирење само шест луѓе застанале на кратко за да ја слушнат музиката. Дваесет од нив оставиле пари, но продолжиле да одат со нормална брзина. Виолинистот собрал 32 долари. Кога престанал да свири настанала тишина и никој не приметил.

Никој не знаел дека виолинистот бил Joshua Bell, еден од најдобрите музичари во светот.  Тој свирел едно од најтешките дела некогаш напишани за виолина. Два дена пред свирењето на станицата, Joshua Bell го распродал концертот во театарот во Бостон за карта од 100 долари. Bell свирел во рамките на еден експеримент организиран од Вашингтон пост за перцепцијата, вкусот и приоритетите кои што луѓето ги имаат.

Основното  прашање на експериментот било: На јавно место во неадекватно време: Дали ја приметуваме убавината? Дали застануваме за да уживаме во неа? Дали го препознаваме талентот во неочекуван контекст?

Еден од можните заклучоци од ова искуство би бил дека ако немаме минута за да застанеме и да слушнеме еден од најдобрите музичари во светот, колку други работи тогаш пропуштаме?

Но,  дали доколку минувачите знаеа кој всушност свири ќе настанеше голем концерт на станицата?

Тоа останува само да претпоставуваме, притоа сомневајќи се во нашата човечност.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКаква боја е огледалото?
Следна објаваНаправи сам | Прстени од копчиња
Афирмацијата на уметничките вредности обелоденети преку седмата уметност е нејзин печат врз креативната страна на животот. Во чекор со последните ажурирања од својата област, внимателно ја унапредува уметноста. Суптилното комуницирање преку музиката и користењето на мултимедијалниот приказ на уметноста ја прават непоправлив оптимист и трагач кон суперлативот од светски убавини.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР