Студио BORED ги трансформира улиците низ Чикаго во облик на џиновски монопол, оживувајќи ја безвременската игра на сите времиња во едно турбо секојдневие. Инкорпорирањето на овој сегмент од детството, безгрижноста и забавата низ забрзаните улици претставува револуционерен подвиг кој иницира насмевка и чувство на опуштеност на секој оној кој минува (или купува улици) низ Чикаго. Безразлика дали ќе успеете да стапнете на Изненадување или Шанса, забавата е загарантирана. Внимание, неколку погрешни чекори и може да завршите на полето Затвор… коцките се фрлени!