1) Останете во склад со Вашиот дух.
Смирете се и размислувајте, слушнете го Вашиот внатрешен глас. Предвидувајте и планирајте, бидете одговорни за сопствениот живот. Водете ги сопствените битки, одликувајте се со храброст. Одржувајте го Вашиот ум отворен и практикувајте љубезност и сочусвтво. Простете, заборавете и продолжете напред…

2) Кога сакате некого, сакајте се и себе.
Вистинската љубов Ви го пружа тоа автономно право. Вистинската љубов овозможува човечките суштества да создадат неверојатен исход, работејќи заедно преку добра волја, среќа и страст. Таа е доволно силна за да ги издржи препреките и да го одржи односот.

3) Гневот нема да Ве одведе напред.
Никогаш нема да успеете доколку се раководите од негативна емоција. Не секогаш простуваме според заслуга – простуваме, за хармонија со самите себе, за придвижување кон напред, кон повисоко ниво на сопствената личност. Да се прости значи да се открие внатрешниот мир и намената на истиот.

4) Привлекувате со она што го покажувате на светот.
Кога нешто сакате, покажете го тоа. Среќата, слободата и умствениот мир секогаш се остваруваат во комбинација со реципроцитет со другите, каде некогаш повеќе ќе дадете отколку што ќе земете. Живејте со реални очекувања, но запомнете, според Одри Хепберн, благослов е да се живее со ставот дека имате две раце: едната да си помогнете себеси, другата да им помогнете на другите.

5) Неуспехот е успех доколку научите нешто од него.
Искуството е она што го добивате доколку не го добиете она што го сакате – пречките нема да Ве спречат, ниту проблемите, ниту луѓето. Бариерите кои Ве оддалечуваат од целта се привремени, тие доаѓаат и си одат. Вистинската препрека сте самите Вие. Затоа, не се откажувајте. За да се стигне до рајот, мора да се помине низ пеколот, нели?

6) Вие не сте она што сте го постигнале, туку она што сте го надминале.
Сите тешкотии, сите грешки, сите одбивања. Сите маки, сите солзи, сите периоди додека сте се запрашувале „зошто“. Сите овие работи кај Вас вбризгале мудрост и сила кои Ве довеле до светлината на денот, дури и во најтемните часови од ноќта.

7) Вашето минато може да Ве повреди само ако му дозволите.
Не обрнувајте внимание на она што поминало, туку фокусирајте се на она што моментално Ви се случува. Постојат моменти кога мора позади себе да го оставите полниот куфер со сомнежи, горчина и тага кои Ви предизвикуваат емоционален багаж, за да не ги пропуштите шансите денес. И оние кои допрва доаѓаат. Животот е постојана промена, човек нема време за пакување!

8) Страста е важна.
Ако сте заробени помеѓу Вашите соништа и туѓите расудувања, секогаш соберете храброст да бидете среќни. Што и да правите, правете со страст. Живејте со идеи и креативна активност во секоја сфера од живеењето. Само на тој начин, никогаш не ќе успеете да почувствувате рутина.

9) Болката е достојна.
Навистина не сме способни да го цениме животот доколку истиот не не скрши неколку пати: никогаш не ја сфаќаме љубовта сериозно, ако срцето не ни било распаднато на два дела. Не можеме да ја распознаеме среќата, доколку не сме ја искусиле тагата… мора со тежок труд да се искачиме на планината, за навистина да го цениме погледот кој воодушевува…

10) Понекогаш, она што не го сакаме е токму она што ни треба.
Понекогаш работите што не можеме да ги измените, Ве менуваат кон подобро. Загосподарете со својата волја за живот, но не се обидувајте да го контролирате се она што однадвор ја детерминира. Можеби ретко ќе појдете кај што се упатиле, но секогаш ќе завршите точно кај што треба да бидете.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLady Dior | Фантазија
Следна објаваРаѓањето на огнот – Сузан Колинс
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР