Продолжувајќи ги авантурите како Lady Dior, Marion Cotillard, која од 2008ма година е заштитно лице на оваа кампања, не води на прошетка во неколку епизоди, од Кан до Њујорк, на фотосесии и фитинзи, зад сцената на црвениот тепих, носејќи фустан од Dior Haute Couture изработен специјално за неа. Погледнете ја првата епизода во работилницата на Dior.