Во главниот центар на националната библиотека во Хаг, Холандија, дизајнирана е мала земја на книжевните чуда чиј извонреден ефект се должи на големото растојание помеѓу полиците кои делуваат како ѕидови експлицитно изведени преку сјајни полици во интензивна розова боја. Оваа книжарница, насловена како Paagman, пружа прекрасен поглед на плоштадот и мами воздишки дури и на оние кои се незаинтересирани за книги! Додека, за вечните книгохоличари, ова место е вистинки мал рај на земјата. Битна карактеристика на овој проект е достапноста на книгите свртени со лицето кон читателот, односно потенцијалниот купувач (наместо во стандард варијанта книгите да се поставени една позади друга), што ги прави книгите повеќе привлечни. Во самата книжарница, отворените простори помеѓу полиците фунционираат како удобни седишта за читање – целиот проект, се препишува на дизајн-студиото познато по светлите бои, CUBE Architects.