Роден во Торонто, Канада во 1960 година, Gregory Colbert е режисер и фотограф, најдобро познат по својот проект “Пепел и снег“ – изложба на уметнички дела и филмови, сместени во Номадскиот музеј. Првата изложба “Timewaves“овој фотограф ја направил во 1992 година, во Елисејскиот музеј во Швајцарија. Следните 10 години, тој не ги изложува своите дела јавно, туку патува на места како Индија, Бурма, Шри Ланка, Египет, Доминиканска Република, Етиопија, Кенија, Тонга, Намибија и Антарктик каде снима кратки филмови и фотографира интеракција помеѓу луѓето и животните. На овие патувања тој одеше повеќе од 60 пати, водејќи си себе цела експедиција и при тоа успеа да фотографира повеќе од 130 видови животни на иста фотографија со луѓе.На неговите фотографии можат да се сретнат слонови, китови, свети птици, кралски орли, соколи, носорози, гепарди, леопарди, африкански диви кучиња, морски крокодили и многу други диви животни.
Како човечки субјекти на неговите фотографии се среќаваат бурмански монаси, транс танчери и други домородни племиња. Во 2002 година фотографот ја изложи својата работа од 10 годишното патување во Венеција, најавувајќи ја како една од најголемите изложби во Европа. Фотографиите беа изложени на површина од 12.600 м2, а изложбата беше наречена “Пепел и снег“. Овие фотографии во наредните години го поминаа целиот свет, привлекуваќи внимание на повеќе од 10 милиони посетители, што ја прави една од најпосетените изложби во историјата на еден уметник.
“Пепел и снег“ доби илјадници пофални зборови и критики. Едни од најчитаните весници ја нарекоа: извонредна, фасцинантна, монументална во секоја смисла, а фотографот доби комплименти како најдобар од најдобрите,господар на фотографијата и сл. Погледнете ги овие фотографии, кои се прозорци на совршена тишина и трпение.