Сиднеј е главен град на австралиската држава Нов Јужен Велс. Тој е најголемиот град во јужната хемисфера со популација од 4 300 000 жители од кои 170 000 живеат во централната зона. Сиднеј се наоѓа на југоисточниот дел на австралиското крајбрежје. Изграден е околу заливот Порт Џексон и е најголемиот финанскиски центар на Австралија.

Тој е рангиран во десетте најдобри градови за живеење според Mercer Human Resouce Consulting, The Economist и Monocle, a воедно е еден од најзначајните светски модни центри. Сиднеј е најскапиот град во Австралија и 21ви во светот. Има влажна суптропска клима со мали температурни промени, каде во зима температурата е до 8 ̊ а во лето максималната е до 32 ̊.

Како позната туристична дестинација, најмногу се издвојува по Сиднејската опера која е дело на данскиот архитект Јерн Уцон, изградена во експресионистички стил. Сиднејскиот пристаништен мост е проектиран од страна на англискиот инженер Ралф Фриман. Градот има три ботанички градини од кои најпозната е Кралската ботаничка градина. Сиднејската кула е висока 305 метри, втора по висина во Австралија, а трета по висина во јужната хемисфера. Исто така овде треба да ги посетите Кинескиот кварт, Сиднејскиот парк, Хајд парк, Австралискиот музеј, Плоштадот, Градската општина, Парламентарниот дом, Зградата на кралицата Викторија, Аквариумот, Олимпискиот парк итн.

Во Сиднеј се одржуваат многу фестивали и културни збиднувања, како на пример најголемиот фестивал на уметноста во Австралија – Сиднејскиот фестивал, Big day out – рок фестивал и Сиднејскиот Филмски фестивал. Сиднеј беше домаќин на Летните олимписки игри 2000 година, Рагби купот 2003, самитот АPEC 2007 како и Светскиот ден на младите 2008 година.

Топла клима, сурфање, лежерен животен стил. Што повеќе би посакале?

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР