Минатата година светот за прв пат слушна за терминот “cinemagraph” кој беше користен за да се опишат уникатните подвижни фотографии на Jamie Beck и Kevin Burg. Сега талентираното дуо од Њујорк повторно изненадува со галерија од фотографии кои се придвижуваат и вчудовидуваат.
Визуелниот уметник Kevin Burg започна да експериментира со овие фотографии уште во 2009 година, но целосен успех постигна кога на модната недела во Њујорк започна да соработува со фотографот Jamie Back. Уметниците за да создадат една ваква фотографија користат обична фотографија во комбинација со жив момент, преку изолирана анимација на повеќе рамки. Или како што би рекла манекенката Coco Rocha: “Тоа е повеќе од фотографија, но не е видео“