lqz03llgkG1qb1b5uo1_1280

Беше 15 јуни, само два дена пред мојот триесетти роденден. Бев многу несигурен поради влегувањето во уште една нова декада од мојот живот, и неверојатно исплашен дека најдобрите години се сега веќе зад мене.

Мојата дневна рутина вклучуваше одење во теретана, каде везден вежбав пред одењето на работа. Секое утро го гледав мојот ,,пријател’’ Николас, како со подеднаков напор и труд вежба.

Имаше седумдесет и девет години и беше во неверојатна форма. Како што го поздравив Николас тој ден, низ главата ми проструи уште позастрашувачка мисла: ,, Боже, како ли ќе се чувствувам јас на негова возраст, кога и пред триесеттата веќе не сум доволно сигурен во себе и иднината?” Николас забележа дека тој ден нешто ми се случува, па ми пријде, и ме праша дали нешто не е во ред. Со разочаран тон му одговорив дека сум вознемирен бидејќи влегувам во триесетите. Во тој миг се сетив дека тој сигурно има многу поминато во животот, па не можев ,а да не го запрашам : Николас, кој е најубавиот период од твојот живот?

По кусо размислување, и без воопшто двоумење, Николас започна: ,, Види, Џо, ќе ти дадам филозофски одговор, бидејќи и самото прашање е такво’’. Го погледнав со мала доза на дрскост во својот поглед, но го пуштив да продолжи:

,,Кога бев дете во родната Австрија и сите се грижеа за мене, родителите ме чуваа и хранеа со љубов, тоа беше најубавиот период од мојот живот.

Кога тргнав на училиште и ги научив нештата кои ги знам денес, тоа беше најубавиот период од мојот живот.

Кога ја добив првата работа и имав одговорност, која беше вреднувана со плата за мојот труд, тоа беше најубавиот период од мојот живот.

Кога ја запознав мојата сопруга и лудо се вљубивме еден во друг, тоа беше најубавиот период од мојот живот.

Кога започна Втората светска војна, јас и мојата сопруга моравме да избегаме од Австрија за да ги спасиме нашите животи. Додека бевме заедно, возејќи се на безбедно со бродот кон Северна Америка, тоа беше најубавиот период од мојот живот.

Кога пристигнавме во Канада и основавме семејство, тоа беше најубавиот период од мојот живот.

Кога бев млад татко, и уживав гледајќи ги моите мали деца како израснуваат во големи индивидуи, тоа беше најубавиот период од мојот живот.

И, сега , Џо, сега имам седумдесет и девет години. Имам добро здравје, се чувствувам одлично и ја љубам мојата сопруга со истиот жар како и на почетокот. ОВА Е НАЈУБАВИОТ ПЕРИОД ОД МОЈОТ ЖИВОТ.”

Најубавиот период од животот е секогаш моментот овде и сега. Искористете го максимално секој миг, правете ги нештата кои ве исполнуваат и бидете со оние кои ги сакате. Градете ја својата среќа и создавајте причини за радост, уживајќи во најубавиот период од вашиот живот .

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГордост и предрасуди како зачин на стилот
Следна објаваФилм: Добриот доктор
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ