Независно дали се вбројувате во низата почитувачи на животот, делото и влијанието кое Џејн Остин ја издвојува од кругот на автори кои го менуваат животот; или, сте едноставно лути поради самата помисла дека супериорноста на нејзиниот совршено создаден г-дин Дарси всушност, лежи во неговата фиктивност – убедени сме дека прикажаните форми на накит чија инспирација е позајмена од „Гордост и предрасуди“ ќе Ви го одземе здивот.

Создадени инстпиративно од магичната сторија на Остин, каде гордоста и суетата се две различни работи, каде среќата во бракот е прашање на случајност: но, без оглед на тоа, реформаторскиот интелект на Елизабет Бенет и авторитетната воздржаност на Фицџералд Дарси неслучајно ветуваат една од најубавите љубовни приказни општопознати на литературната јавност. Можеби се сложувате со „Џејн Остин ми го уништи животот“ или се поистоветувате со потрагата на „Мојот г-дин Совршен“ – со извадоци од романот, цитати на ликовите или измислени фрази кои уште повеќе ќе Ве задоволат, оваа колекција накит заслужува да се најде во Ваша сопственост.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗградата наречена “Урбана шума“
Следна објаваНајубавиот период од мојот живот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР