Амстердам е главен и најголем град во Холандија. Тој е еден од водечките финаниски центри во Европа. Во 2010 година е прогласен за 13ти град по квалитетот на живеењето, а во 2009 година го завзема третото место во иновација. Во центарот на градот се наоѓа Берзата на Амстердам која е најстара во светот. Главна карактеристика се 100км долгите канали, а на дел од нив има куќи – бродови кои се најскапите живеалишта во Амстердам. Овде има околу 7500 споменици и 1500 мостови кои започнале да се градат од 12 век кога луѓето почнале да се населуваат на реката Амстел. Прво нешто што треба да го правите е тоа што го прави локалното население – разгледување на градот со велосипед. Посетете ги Rijksmuseum (уметност од 17век), Van Gogh Museum, Stedelijk Museum и Concertgebouw. Кралската Палата која се наоѓа на Dam Square првенствено била административен центар, а денес е резиденција која се користи за државни приеми и важни случувања, како одржувањето на повеќе наградни манифестации. Куќата на Ана Франк, Цветниот пазар, Hermitage Amsterdam, red – light дистриктот и многуте кафетерии привлекуваат повеќе од 3.5 милиони туристи годишно. Кинескиот ресторан Sea Palace е првиот и најголем ресторан на вода во Европа. Амстердам има многу богата архитектура со влијание од ренесансата, готиката и барокот. Најстарата градба е Старата Црква (Oude Kerk) изградена во 1306 година, а најстарата дрвена градба е Het Houten Huys изградена во 1425 година, и е една од двете останати дрвени куќи. На крајот на 19 век се развиваат Jugendstil и Art Nouveau, а во почеток на 20 век почнува да се гради во стил кој е верзија на Art Deco т.н. Амстердамска Школа.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР