Ели Мартинез и ајкулата – лимон, му подготвија на светот незаборавен момент на поздравување. Ели Мартинез (40) е уредник на списанието Shark Diving и нуркајќи во водите на брегот на Бахамите се поздрави со својот пријател кој го нарекува Taxi. „Преубаво е да се биде во „морската постела“ со овие фантастични ајкули. Имам нуркано со нив многу често така што нивното присуство не ме прави нервозен. Ваков вид ајкула имам сретнато и претходно. Ова е многу опуштен вид. Пливаше право кон мене и не очекував дека ќе сврти во последен момент. Ја допре мојата подадена рака со својата перка во стилот „да пукне“. За среќа, мојот пријател кој носеше подводен фотоапарат го овековечи овој момент и сега можам да им го покажам и на внуците“ – изјави Мартинез.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР