Светата планина Варало (Sacro Monte di Varallo) е најстарата конструкција од ваков карактер. Создадена е во 1491 година од монахот Bernardino Caimi. Светата Планина е изградена на карпест рид кој е дел од Планината на Трите Крста (Monte Tre Croci) на левата страна од реката Сесиа на излез од Val Mastallone (Piedmont), северна Италија.

Тоа е природна тераса (600м) која се издигнува над историското место Варало. Светата Планина Варало се состои од Базилика и 45 капели, дел изолирани а дел вклопени во големите монументални комплекси – Назарет, Витлеем, куќата на Пилат, Калвари, Гробницата и куќата на Парела – во кои има повеќе од 800 скулптури во природна големина изработени од дрво и теракота, драматично претставувајќи го животот, страдањето, смртта и воскреснувањето на Исус. Ѕидовите од капелите насликани се со живописни фрески.
Светата Планина Варало е поделена на два дела. Првиот дел кој е опкружен со растенија е направен во вид на закосена градина. Овде капелите стратегиски се поставени покрај патеките. Започнувајќи со Адам и Ева, тие раскажуваат за Исус почнувајќи од благовестието па се до неговото пристигнување во Витлеем. Втората зона, на чело со Златната Порта се наоѓа околу двата плоштади: piazza dei Tribunali и piazza del Tempio. Целта е да се претстави Ерусалим. Капелите ги раскажуваат настаните од животот на Исус, Последната Вечера, Погребот, Воскреснувањето и Вознесението на Богородица на кое е посветена Базиликата.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР