Со почетокот на дигиталната ерa, да се направи добра фотографија е полесно од било кога. Затоа уметниците, вистинските познавачи на фоографијата го сменија начинот на дефинирање на поимот “добра фотографија“. Тие почнаа да создаваат фотографии кои освен тоа што ќе бидат квалитетни, ќе имаат и улога да го запрат погледот на набљудувачот, да предизвикаат кај него одредена емоција и да го натераат да размисли за животот.
Еден таков фотограф е Hamilton од Лондон. Познат е како најзгодниот фотограф на светот, кој се забавувал со супермодели како Elle MacPherson и Claudia Schiffer.
На фотографијата која ја одбравме за денес, снимена токму од овој фотограф, е прикажана наводно двојничката на принцезата Дајана која непристојно гестикулира кон камерата. Многумина сметаат дека тоа е токму принцезата лично, а приказната за двојничката е измислена за да се заштити нејзиното достоинство и репутација.