Геометриски нокти: Ретро тренд кој се враќа да владее со светот на убавината!
Како и модните трендови за облека, така и трендовите за нокти секогаш се враќаат. На почетокот на 2010-тите, геометриските нокти беа насекаде. Имаше нешто во тие графички квадрати и апстрактни триаголници што не натераа да поминуваме часови обидувајќи се да ги нацртаме.По долга пауза, геометриските нокти конечно се најдоа на врвот на листата на трендови за 2023 година. Покрај пребарувањата на Google и Pinterest, геометрискиот маникир го освои и TikTok со #геометриски нокти и неверојатни 1,4 милиони прегледи.Ниту познатите личности, како што се трендсетерката Хејли Бибер и Ванеса Хаџенс, не можеа да му одолеат на овој тренд, а ние во продолжение на текстов ве инспирираме со најубавите за вашиот најдобар стил.

НЕМА КОМЕНТАРИ