Блескава кожа со осветлени веѓи, разбушавена коса и размачкана сенка за очи – како ќе се разубавиме во наредниве месеци?

Susan Fang 

Пролетта може да помине без разни работи, но не можеме а да не ја одбележиме со нови трендови. Ѕирнавме во познатите модни куќи и еве кои уметнички изрази најмногу ни паднаа во очи. Во однос на трендовите за убавина за сезоната пролет/лето 2023, ги истакнуваме брендовите како Susan Fang, Chanel, Tom Ford, Carolina Herrera и други.

Почнувајќи од бланширани веѓи, кои како што стојат работите ќе станат тренд, но и “вампирскиот” шик кој не е резервиран само за зимата. Има и крајно оптимистички изглед со светкави светли бои, возбудливо сјајна кожа и нагласени очи на многу забавен начин.

“NUDE LOOK”

Секоја добра шминка започнува со убава кожа. Одвојте време во вашето секојдневие за темелна рутина за нега, а останатото ќе го реши квалитетен кремаст илуминатор!

Chanel 

ПАНК ШИК

Вистинско време е да пробате нешто што никогаш не сте имале храброст да го направите, а имаме дури два предлога:

1. Неуредна кратка коса како моден тренд и ослободување од предрасудите на околината и искуството на женственоста.

2. Замачкан smokey eye изглед кој ќе ви даде доза на смелост и целосно олеснување од тоа како другите ве гледаат!

Tom Ford

ВРЕМЕ ЗА ЗАБАВА

Разубавувањето пред се треба да биде секојдневна релаксација и забава. Затоа, така пристапете и дозволете си силни бои и интересни техники за шминкање оваа пролет.

Carolina Herrera 

Професионален совет: Кога носите нијанси на кармин како црвен, розов или бордо, многу е важно вашето лице да биде совршено изедначено и мазно, бидејќи во спротивно црвените тонови од карминот ќе ја истакнат секоја нерамномерност на вашето лице.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОТВОРЕН НАЈГОЛЕМИОТ И НАЈУБАВИОТ NIKE SHOP ВО МАКЕДОНИЈА!
Следна објаваИдеи како да декорирате најубави велигденски јајца овој Велигден
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ