Што е животот без малку боја? Време е да се збогувате со празничната носталгија и да ја разубавите новата година со инспирација за ново патување.

Бидејќи повеќе од половина (57%) од патниците сакаат да одат на дестинации богати со прекрасни глетки кои можат да ги објават на социјалните мрежи, Booking.com избра пет живописни градови низ светот во чии визури патниците можат да уживаат и кои се најпогодни кандидати за објавување на Инстаграм. Од тивки села со пастелни бои во Индија до низи куќи со бои на виножито во Аргентина, патниците можат да се нурнат во живописни дестинации кои се вистинско уживање за очите – и да ја споделат својата радост на социјалните мрежи.

Шефшауен, Мароко

Шефшауен, познат и како „синиот бисер на Мароко“, се наоѓа на северозапад, во подножјето на планините Риф. Се карактеризира со уметничка атмосфера и куќи обоени во различни нијанси на сино, а е еден од најубавите градови во Северна Африка и сон на секој фотограф.

Стариот центар на градот (Медина), каде што тезгите за кожни производи и работилниците за ткаење се наредени по калдрманите улици, е показател на мароканското и андалузиското влијание, со неговите куќи со интензивно сини ѕидови и покриви со црвени плочки. Патниците можат да ги посетат специјалните пазари (souqs) и чајџилниците во овој стар кварт за време на турнејата на градот Шефшауен со локален водич, а потоа да се упатат кон тврдината, музејот или големата џамија за да дознаат вредни детали за историјата и културата на Мароко.

Џајпур, Индија
Волшебниот град Џодпур е главен град на државата Раџастан и порта за најблескавата држава во Индија. Познат е и како „Розовиот град“ бидејќи речиси сите згради се во боја на теракота. За тоа е заслужен принцот Махараџа Саваи Рам Синг, кој сакал да го импресионира принцот Алберт за време на неговата посета во 1976 година и да му приреди топло добредојде, со бојадисање на целиот град. Џодпур е задолжителна станица во индискиот културен триаголник: патниците ќе бидат разнесени од градската палата налик на пчеларник, разнобојните врати на затворениот двор на Притам Нивас Чок, што ги претставува 4-те годишни времиња, и кралската опсерваторија во боја на ‘рѓа.

Џајпур е познат и како Париз на Индија.

Буенос Аирес, Аргентина
Отпатувајте во живописниот Буенос Аирес, кој се наоѓа на западниот брег на реката Рио де ла Плата и посетете го квартот Ла Бока, буквално „уста“ на главниот град на Аргентина. Во овој локален кварт, тесните улички се обложени со калеидоскоп од светли обоени лимени куќи, често прикажани како симбол на Буенос Аирес. Упатете се кон познатата улица Ел Каминито и уживајте во фотографирањето моќни графити, улична уметност, улични музичари и танго танчери. Од жешко танго до зачинети стекови, Буенос Аирес нуди многу атракции вредни за одлични фотографии.

Кејп Таун, Јужна Африка

Искусете го спојот на култури, кујни и пејзажи во прекрасниот град Кејп Таун. Ќе бидете разгалени од богатството на неговите природни чуда, уметност, дизајн и култура. Очекувајте сè, од снежно бели плажи до виолетови зајдисонца, зелени планински погледи и светли обоени куќи во областа Бо-Каап, која е позната како едно од местата на кои најмногу може да се фотографирате, благодарение на живеалиштата во боја на виножитото. Полудневната турнеја за култура и посета на градот е одличен начин да дознаете повеќе за населбата Бо-Кап, историскиот дом на малајската заедница, чии членови ги бојадисале своите куќи како израз на нивното чувство за слобода. Овој град се наоѓа во југозападниот дел на Јужна Африка, во подножјето на прекрасниот национален парк на планината Табела, познат по своето сонце, море и пејзажи.

Островот Бурано, Италија

Бурано се состои од 4 острови и е разделен со три канали, а се наоѓа во северниот дел на венецијанската лагуна. Познат е по префинетата тантела и куќите со светли бои. Розова, црвена, сина, жолта, висока, ниска, исправена, навалена – секоја куќа која се наоѓа на широкиот појас пред каналот е со различна боја, форма и големина, но сите тие се прекрасно отсликани во зелените бои на каналот. Големите уметници имале  свој дом на островот, вклучувајќи ги Балдасаре Галупи, Ремиџо Барбаро и Пино Донаџо. Без разлика дали се шетаат низ Пјаца Галупи или го посетуваат музејот на тантела, патниците можат да заронат во едно од најживописните места во светот.

Во срцето на Бурано се наоѓа плоштадот „Балдасаре Галупи“ – единствениот на островот – кој го носи името на познатиот композитор од XVIII век Балдасаре Галупи. На плоштадот се наоѓа црквата Сан Мартино, единствената црква подигната на островот. Позната е со камбанаријата, која се одликува со силен наклон, кое се должи на делумното лизгање на темелите. Во неа се наоѓа делото „Распетие“ (1725 – 1727) од Џовани Батиста Тјеполо.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНема да верувате: ова е моментално најпопуларната закуска на TikTok
Следна објава,,Јавна проба”- Марија Каева со свој концерт во клубот Јавна Соба
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ