Јавна Проба е искрена и сериозна музичка понуда, која ви носи висококвалитетен авторски бенд секоја седмица, во еден од најромантичните концертни простори во градот.

Поткровјето на Public Room располага со романтична интима, но и потенцијал за совршена концерт на некои од најдобрите бендови со кои располагаме како куратори на вечерта. Замислете си една волшебна ноќ, во која топ бенд свири само за вас и вашите пријатели. Проба? Концерт? Дали е важно?

Овој четврток, 2 март, Јавна Проба Ви нуди вистинска дива, автор(ка) и супер лик: Марија Каева и нејзиниот состав. Можеби ја познавате од “Фројд е жив,а ти си неодлоив“; можеби од “Здраво, те сакам“ периодот; а можеби сте запознаени со нејзината најнова авторска работа, албумот “Фортуна“ преполн со фантастични песни, кој излезе пред малку повеќе од година дена.

Секогаш топ во живо, ќе биде придружувана од Дино Милосављевиќ (тапани) и Владан Дробицки (електроника), две врвни имиња на современата македонска музика. Прекрасна можност за софистицирано урбано доживување.

За концертот на Марија Каева ќе загрее Мирко Попов Квартет, соло проект на еден од наактивните ликови на нашата музичка сцена во последниве 30 години. Мирко Попов Квартет е проект во подем, а ова е еден од неговите први настапи. Гарантираме ќе биде мошне интересно, а и погодно за танц.

Марија Каева (и Мирко Попов Квартет) гарантираат елегантен старт на нашиот концепт “Јавна Проба“. Обрнете внимание и ајде, ајде, да се дружиме.

? влез: 300,-* вашиот билет можете да го набавите во Public Room

** поради ограничениот капацитет, резервација на билети може да направите на ☎ 078 250 554

ФБ НАСТАН

НЕМА КОМЕНТАРИ