Одите во посета на новороденче?

Еве неколку совети што треба да ги следите
Доаѓањето на бебето е еден од најубавите настани на целиот свет. Но, малите бебиња, особено новороденчињата се многу чувствителни, затоа при посетата мора да следите некои правила кои ви ги откриваме во продолжение.

Примарно е важно да не ја форсирате посетата, туку да дозволите родителите на бебето да ве поканат кога ќе се чувствуваат подготвени да го направат тоа.

Кога сте на посета, важно е да ги соблечете чевлите и да ги миете и дезинфицирате рацете токму затоа што малите бебиња се многу чувствителни.

Бидејќи бебињата често ги ставаат прстите и рацете во уста, не ги допирајте за раце.

Не ги бацувајте во уста и лице.

Кога станува збор за подароци, имаме неколку совети за вас. Ако сакате да и подарите цвеќе на новопечената мајка, внимавајте да не се лилјани, бидејќи лилјаните можат да му наштетат на респираторниот систем на бебето. Секогаш е добра идеја да носите колачи, слатки и овошје за доилките. Ако со родителите не сте се договориле што да подарите, тогаш одберете неколку корисни подароци.
Пелените, комотна облека и постелнина се неопходни за секое бебе, па затоа се секогаш се добра опција за подарок.

НЕМА КОМЕНТАРИ