? ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена го слави својот 10 годишен јубилеј со колективна изложба ✨„10 години ЈАДРО- сè уште оправдано присутни“! ✨

? ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена е непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа која се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократицација во културата и пошироко, во општеството и граѓанскиот сектор.

? Веќе една деценија, платформата здружува организации, поединци и неформални групи, кои континуирано обезбедуваат видливост и општествена релевантност на независниот културен сектор преку застапеност на програмски активности, застапување за стабилен развој на секторот, јакнење на неговото влијание во општествениот контекст и развој на алтернативни културни практики на национално, локално и регионално рамниште.

? Затоа оваа изложба, овој 10 годишен јубилеј, ја слави работата на членките кои дејствуваат во различни културни сектори и заеднички се застапуваат за слободно, одговорно и критичко промислување во јавната сфера.

? Изложбата „10 години ЈАДРО- сè уште оправдано присутни“ е колаж кој ja обединува и претставува дејноста на културните работници здружени во ЈАДРО кои секојдневно имплементираат современи културни практики и будно, јасно и смело се обидуваат да укажат на нужноста од критичко промислување на социо-културниот контекст и на нужноста за демонополизација на културата и уметноста.

???

? http://www.jadroasocijacija.org.mk/

————————————————————————
ЛИСТА НА ЧЛЕНКИ НА ЈАДРО АСОЦИЈАЦИЈА НА НЕЗАВИСНАТА
КУЛТУРНА СЦЕНА ?

ОСНОВАЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ:

● Установа Центар за современи уметности, Скопје
● Младински Културен Центар, Битола
● Здружение на уметници Културен центар МЕДИА АРТЕС, Охрид
● Здружение на граѓание КОНТРАПУНКТ, Скопје
● Здружение на граѓани за современа уметност и кураторски практики
Проектен простор ПРЕС ТУ ЕГЗИТ Скопје
● Здружение на граѓани Ф.Р.И.К. – формација за развој на иницијативи во
културата Скопје
● ПЛОШТАД СЛОБОДА – здружение за активизам, теорија и уметност
Скопје,
● Здружение Институт на слободна мисла НИСМА, Скопје/ Shogata Instituti
permendim te lire NISMA, Shkup
● Здружение на граѓани ЛОКОМОТИВА – Центар за нови иницијативи во
уметноста и културата Скопје, Скопје
● Здружение за култура и уметност ФАКУЛТЕТ ЗА РАБОТИ ШТО НЕ СЕ
УЧАТ, Битола
● Здружение за културна иницијатива СТОТРОЈКА Скопје
● Здружение Културна иницијатива и движење ЛИНЕ Скопје
● Центар за драмски уметности Т-ХАУС, Скопје
● Здружение на граѓани БУДЕН ТЕАТАР, Скопје

ОРГАНИЗАЦИИ ЧЛЕНКИ 2012-2021

● Тиииит!Инк
● Интимен Театар, Битола
● Театарска Работилница Прилеп
● Стрип Центар на Македонија Велес
● ИТИ Центар
● Здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА-Струга
● Здружение за литература, култура и уметност ГАЛИКУЛ-Скопје
● Арт Еквилибриум БОШ Фестивал
● Здружение за интердисциплинарни истражувања и практики во
современата уметност Private Print
● Независна театарска иницијатива Летечка Театарска Трупа, Тетово
● Коалиција Маргини
● Младинска организација ИМКА (YMCA) Битола
● Танцовото студио Зодијак, Прилеп
● Здружение на граѓани АКСИОМА Асоцијација за културна соработка
и истражување
● Sociopatch
● Интернационално здружение на граѓани Културно Ехо
● Медуза
● Колектив Ветерница
● Есперанза, Скопје
● ПМГ Колектив, Скопје
● Биовита, Кавадарци
● Битрикс
● Пресврт
● Про Арте, Куманово
● Училница 8

ПОЕДИНЦИ ЧЛЕНКИ 2012-2021:

● Мања Величковска – културна работничка и активист
● Фросина Крушкаровска – културна работничка и активист
● Елена Вељановска – кураторка
● Александра Бубевска – новинарка
● Артан Садику – теоретичар, куратор и активист
● Ѓорѓе Јовановиќ – ликовен уметник
● Ѓорѓи Пулевски – културен работник и активист
● Дарко Алексовски – ликовен уметник
● Ивана Коцевска – балетска уметница и кореографка
● Никола Гелевски – теоретичар, публицист и активист
● Јованка Попова – кураторка
● Славчо Димитров – теоретичар, куратор и активист
● Симона Манчева – ликовна уметница
● Елена Ѓорѓиевска – ликовена уметница
● Доротеј Нешовски – ликовен уметник
● Миле Ничевски – ликовен уметник
● Искра Шукарова – балетска уметница и кореографка
● Срѓан Јаниќијевиќ – театарски режисер
● Мира Гаќина – кураторка
● Јасна Димитровска – ликовна уметница
● Христина Зафировска – ликовна уметница
● Зорица Зафировска – ликовна уметница
● Сара Конеска – ликовна уметница
● Ивана Весева – кураторка
● Лилјана Неделковска – кураторка
● Биљана Клекачковска, дизајнерка на накит
● Милош Андоновски – актер
● Ангела Стојановска – актерка
● Елдин Широки – актер
● Петар Антевски – театарски продуцент

 

НЕМА КОМЕНТАРИ