За повеќето од нас годишниот одмор е далеку зад нас. Уживањето во сонцето, морето и плажата заврши. Она што ни останува се убави спомени, исончан тен, но за повеќето, уништена коса.
Општо е познато дека сонцето и морето, односно солта ја уништуваат косата. За да се вратите од одмор со што помалку оштетена коса, потребно е да се грижите за неа при изложување на сонце и море.
Но, ако не сте го направиле тоа и вашата коса е измачена, постојат неколку трикови како да и го вратите животот и сјајот. Во продолжение ви откриваме што треба да направите за да ја вратите косата по годишниот одмор.

1. Исечете ги испуканите врвови на косата.
2. Не ја фарбајте косата после одморот.
3. Избегнувајте производи со сулфати кои дополнително ја сушат косата.
4. Хидрирајте ја косата со кокосово масло.
5. Користете маска која е одговорна за длабока регенерација на косата.
6. Исушете ја косата на природен начин, односно избегнувајте фен, односно пегла или фигаро.
7. Почнете да консумирате додатоци во исхраната кои се заслужни за убавиот изглед на косата.

НЕМА КОМЕНТАРИ