Причината поради која убавата Грција оваа сезона се најде на самиот врв на нашата листа на желби е магичниот Калило – хотел кој неодамна беше прогласен за најубав во целата земја, а кој на прв поглед целосно ќе ве воодушеви со својот нереална, неверојатна архитектура и функционални инсталации кои ќе го направат вашето лето поспецијално отколку што мислевте дека е можно.

Калило го најде својот дом на островот Иос, кој се наоѓа недалеку од популарните дестинации Миконос и Санторини и е идеално место за уживање во културните знаменитости на островот, спектакуларните плажи, недопрените природни пејзажи и раздвижениот ноќен живот кој се одвива секој ден на прекрасниот Иос.

Но, во ваков хотел, сигурни сме дека ќе сакате вашите слободни вечери да ги поминувате токму тука!

НЕМА КОМЕНТАРИ