КЛАРИФЕСТ- Скопје 2022 – Концерт на Стефан Вермеерш (Белгија) – кларинети, баскларинет и електроника.

Културно Информативниот Центар-Скопје продожува со несмалено темпо во својата работа и ентузијазам за развој на кулурата во градот.

Развојот произлегува од многуте активности кои се реализираа  изминатиов период. Со новото избрано раководство на чело со Антонио Димитров, кој со своето општествено активно залагање во промоција на културните настани, како и со ставовите на повеќе негови чинители, центарот доби драгоцени партиципиенти во она што ни недостасуваше на сите нам, а тоа е повеќе уметност и култура во нашиот град.

Следен настан кој го најави Културно информативниот центар – Скопје во соработка со Klarifest – Skopje (2022) е отварањето на КЛАРИФЕСТ- Скопје 2022 со Концерт на Стефан Вермеерш (Белгија) – кларинети, баскларинет и електроника. Публиката и овој пат ќе биде во можност да присуствува на уште еден во низата квалитетени музички настани.

? 1 јуни 2022,  почеток во 20.00ч.

? Салон 19:19 (влез слободен)

 

НЕМА КОМЕНТАРИ