Секој сака да изгледа добро. Но, времето едноставно не ни дозволува.

Затоа, некои модни додатоци кои можете брзо да ги примените можат да ви бидат од голема помош, а многу значат за стилот.

Чанта со посебен дезен

Голема чанта со некој необичен дезен ќе го крене целиот ваш изглед, а што и да облечете, ќе изгледа како да вистински сте се потрудиле околу изборот на облеката. Живееме во ера на модни додатоци каде што чантата може да направи голема разлика во целокупниот изглед, без разлика каква облека носиме. Затоа, секогаш внимателно избирајте ја вашата чанта и не штедете на неа.

Чантите доаѓаат во различни големини, а повеќето од нас очекуваат чантата да биде практична, да одговара на се што ни треба. Токму затоа, големата чанта зрачи со добар стил и е одличен избор. Голема предност на големата чанта е што оди со сите облици на фигурата и линии. Добрата чанта е најдобриот начин да покажете колку стил имате и да привлечете внимание на позитивен начин.

Големи обетки

Доколку не сакате премногу да се истакнувате, а сепак сакате уникатност, големите обетки се одличен избор. Обетките се парче накит, едноставни за носење, но многу жени ги прескокнуваат. Доколку успеете да најдете квалитетни и удобни, а воедно и забележливи обетки, на најдобар начин ќе го комплиментите сопствениот стил. Без разлика дали се идентификувате со (rock, casual, vintage) рок, лежерен или винтиџ стил или сте некаде помеѓу овие стилови, не прескокнувајте ги обетките. Повеќето обетки можат долго да го издржат тестот на времето, особено ако се изработени од квалитетни материјали, па затоа се нешто во кое вреди да се инвестира малку повеќе.

Беж чевли

Кога не сте сигурни кои обувки би биле соодветни, изберете беж чевли. Не можете да погрешите со нив во: лето, зима, свечени или лежерни прилики. Беж чевлите одлично се вклопуваат со темни, светли, едноставни и живописни комбинации.

Одлични, рамни или со потпетици.

За да донесете правилна одлука, земете ги во обзир овие фактори. Кога сме во рамни чевли, сè е поблиску до земјата, се чувствуваме побезбедно, поудобно, полесно шетаме во нив, но и телото изгледа пократко, а сигурно изгледаме  помалку витки отколку со високи потпетици.

 

Нараквици

Сигурно сте забележале дека нараквиците веќе неколку сезони се незаменлив моден детал за младите девојки. Не плашете се да си поигрувате со шарите и материјалите, како и со количината на нараквици што ги ставате.

Украси за коса

Иако марамите, венчињата (рајфови) и машничките не се за сите жени, но оние кои ги носат оставаат младешки и силен впечаток.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛето 2022 година: најмодерни сандали
Следна објаваЈУБИЛЕЈ – 100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АРХИТЕКТОТ СЛАВКО БРЕЗОСКИ-РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА ВО КИЦ
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ