Еден од главните трендови се рамните влечки. Ова е тренд кој го прифатија и многу ѕвезди. Но, во исто време, модерни се сандали на високи потпетици со украси и бисери. Сандалите кои се врзуваат околу стапалото се уште еден важен тренд. Удобните сандали се модерни оваа сезона, а елегантните од друга страна. Ако ги комбинирате овие два тренда, добивате врвни сандали.

За модерните сандали оваа сезона клучни зборови се папучи, тенки ремени, но и робусни сандали, кломпи како и врзување околу стапалото.

Модерни се бели и црни сандали, сандали со пастелна, но и силни бои. Иако во тренд се рамни сандали, модерни се и сандалите со подигнат ѓон и подебели потпетици. Исто така, оваа сезона во тренд се четвртастите потпетици и штиклите со средна големина.

Сезонава во тренд се кожните сандали, сандали од јута, сандали со текстилен дел и гумени сандали.

Рамните сандали со едно или две ременчиња се главен хит оваа година. Модерните се со дебели ременчиња но и со тенки. Модерните бои се црната, белата, но и пастелните нијанси, а сината се издвојува како една од помодерните бои.

Доколку барате модерни сандали тогаш одлучете се за некој од овие трендови кои се тука претставени.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваH&M: најубави фустани за пролет/лето 2022 година
Следна објава5 брзи совети за одличен летен стил
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ